Таксистите во Милано парично казнети поради несоодветна гардероба во жешкото време?!

Таксистите во Милано парично казнети поради несоодветна гардероба во жешкото време?!
9.08.18   15:58

Прочитано : 236

Print This Article

Повеќе од 20 возачи на такси во Милано парично се казнети поради носење на куси панталони иако во тој италијански град веќе со недели е жешко со температури до 35 степени, пренесуваат денес италијанските медиуми.

Според прописот усвоен во 2016. година, таксистите не смеат без оглед на временските прилики да носат куси панталони, маици без ракави или спортска облека како што се тренерки.

Миланската полиција од почетокот на топлотниот бран казни околу 20 возачи на такси, а казната изнесува 110 евра.

Милано е една од светските престолнини на модата, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени без оглед на модните трендови или временските прилики.

  Категории:
view more articles

Актуелно