„Та неа“: Грција со конкретни предлози до ЕУ за враќање на мигрантите

„Та неа“: Грција со конкретни предлози до ЕУ за враќање на мигрантите

Нон пејпер со конкретни идеи и предлози за формирање европска политика за враќање на мигрантите, според весникот „Та неа“, ќе презентира денеска во Брисел алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција, надлежен за миграциска политика Јоргос Кумуцакос.

Според весникот, документот со предлозите ќе биде претставен на Советот за правда и внатрешни прашања на ЕУ и содржи пет основни точки во однос на враќањата на мигрантите на кои нема да им биде одобрен азил во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Првата точка се однесува на зајакнување на европскиот карактер на враќањата, втората е за заемно признавање на враќањата.

– Ова значи дека ако на пример Грција врати назад мигрант, но тој повторно се врати на европска територија и се најде во друга земја- членка, на пример во Франција, тогаш не треба да се испраќа во Грција за одново да се врати, туку да биде вратен од Франција во неговата земја на потекло. се врати со еден лет. Трето, зајакнување на заедничките враќања (joint returns) така што кога повеќе од една земја треба да ги врати мигрантите во Авганистан, ова враќање да биде со еден лет, пишува „Та неа“.

Четвртата точка се однесува на мотивацијата за трети земји да соработуваат во прифаќање на вратените, а последната на зајакнување на улогата на службениците за контакт за миграцијата за подобро координирање на земјите- членки на ЕУ.