СВР Куманово со кривична пријава против поранешен в.д. директор и  три лица кои извезувале јагоди со непознато потекло

СВР Куманово со кривична пријава против поранешен в.д. директор и  три лица кои извезувале јагоди со непознато потекло
9.10.19   16:15

Прочитано : 96

Print This Article

СВР Куманово поднесе кривична пријава против поранешен директор на Водостопанство „Кумановско Липковско поле“ осомничен  дека ја злоупотребил службената положба и овластување.

Полицијата во денешното соопштение наведува дека поранешниот директор во период од четори години  ги зголемувал месечните примања за себе и за уште една вработена.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф. (44)  поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, поранешен в.д. директор на АД „Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско – Липковско поле“ – Куманово, за себе и за уште една вработена, во периодот од 2013 година до ноември 2017 година во неколку наврати ги покачил месечните примања за што го оштетил претпријатието за сума од 861.400 денари. Пријавениот, исто така, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што вработената со спогодба била преземена од работно место инженер за одржување во сектор експлоатација и одржување и унапредена на работно место раководител на сектор за одржување, спротивно на правната регулатива и без распишување на оглас од страна на АД „Водостопанство“, се вели во соопштението на полицијата.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против  три лица, две од Сарај, Скопје и едно од Куманово, поради злоупотреба на службена положба овластување и фалсификување исправа. Сопственик на комапнија набавил над 20.000 килограми јагоди, друго лице подготвило документација дека јагодите се откупени од македонски производители, а трето лице инаку, вработен во Фитосанитарната инспекција не проверувајќи ги документите потпишал одобрени јагодите да се извезат во Србија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ф.(31) од општина Сарај, Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, против Ш.Ф.(54) од општина Сарај, Скопје и Друштво за трговија и услуги АЛБ ИНВЕСТ ХОУЗЕ ДОО Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против Ш.А.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

M.Ф., сопственик и управител на правно лице  ДТУ Алб Инвест Хоузе ДОО Скопје, во март 2019 година набавил 20.838 килограми јагоди спакувани во 3.532 колети со непознато потекло со сомнителен квалитет, за кои не постои никаков документ за нивната набавка. Тој, заедно со Ш.Ф., како полномошник кој го застапува правното лице во трговското работење, на  2 април, годинава 2019 година го ангажирале правното лице – Даути Транспортшпед АД од Скопје во име на правното лице да ја подготви целокупната документација за извоз на набавените јагоди. Ш.Ф. по овластување од М.Ф истиот ден, изготвил лажна изјава дека јагодите ги откупил од наши земјоделци и дека се со потекло од Р.С. Македонија и ја употребил како вистинска, приложувајќи ја кон пријавата за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки кои подлежат на фитосанитарна инспекција кон барањето за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз на јагодите во Р.Србија од 2 април годинава.

Ваквата документација пријавените ја приложиле кај Ш.А. вработен во Државен инспекторат за земјоделство – Фитосанитарна инспекција, како Фитосанитарен инспектор на ГП Табановце – патен, кој на 2 април .2019 година ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што со некомплетна документација, прифаќајќи ја само лажната изјава изготвена и доставена од М.Ф и Ш.Ф, изготвил, потпишал и заверил Фитосанитарен серификат од 02.04.2019 година со што одобрил извоз на јагоди во Р.Србија со непознато потекло и неутврден кавалитет. ам/цр/

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести