Свиња што ги сака сопствените чварки

Свиња што ги сака сопствените чварки
21.07.19   13:36

Прочитано : 2,332

Print This Article

Историјата на самостојноста е историја на самоубиствените напори на Македонија!

Кои егзистенцијата ја дефинираат како освојување на смртта низ совладување на сите мерки на внимателност и хуманост на Европа и на светот.

Отсуството на историја или плиткоста на историјата се гледа во отсуството на граѓанска структура која има моќ да ги амортизира и држи во рамките на системот политичките екстреми и криминалните пројави.

Без таа структура, втемелена во дебелите историски наслаги, во чудоредноста и во интересовната и културна арматура на општетството, заедницата закономерно тежнее да се претвори во аморфна маса, во свиња која скока во казанот за да се претвори во чварки што самата ќе ги изеде (види: Свињата што чекаше да проба од сопствените чварки, Бранко Тричковски, Темплум, 2016).

Нашата задача е да се совладаме себе си.

Тоа значи најмалку неколку нешта:

Да заклучиме дека се исцрпени и илинденскиот и асномскиот циклус и да сфатиме дека ни преостанува само уште европскиот.

Да го исфрлиме од себе вмровското говно и сите бактерии што се залепени на тој смрдеж, како изворен, онтолошки дефект на македонската конституција.

Да ја исфрлиме од себе надежта дека можеме да живееме подобро и да се надеваме на подобро ако тие очекувања ги темелиме само на политичките промени, а не и на промената на себе си како неблагороден корисник на милион бенефити на историјата, климата и мѓународната заедница.

Животот и квалитетот на животот зависат од општиот контекст, и во таа смисла мора да се врши притисок врз власта, но пред се зависи и мора да зависи од индивидуалниот напор на секој поединец, се разбира, со должните нивоа на солидарност.

Борбата за правната држава не е можна без борба против сопствената инцестуозност, а тоа значи без борба против вишокот сувереност, односно за интеграциско делегирање на колку што е можно поголеми контингенти сувереност кон инстанци надвор од нас, Европската инија и НАТО се идеални контексти за тоа.

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

  Категории: