Светски ден на бездомништвото, облека и хигиенски артикли за бездомниците во пунктот во Момин Поток

Светски ден на бездомништвото, облека и хигиенски артикли за бездомниците во пунктот во Момин Поток
10.10.19   08:48

Прочитано : 42

Print This Article

Пакети со облека и хигиенски артикли денеска ќе им бидат доделени на бездомниците во пунктот на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток во рамки на одбележувањето на 10 Октомври – Светскиот ден на бездомништвото.

Од Црвениот крст информираат дека ќе бидат доделени и благодарници на компании кои го поддржуваат работењето на пунктот во делот на обезбедување на храна во изминатиот период.

Пунктот за бездомници функционира повеќе од 10 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Во базата на Црвениот крст регистрирани се повеќе од 150 бездомни лица.

Работењето на пунктот за бездомници финансиски е поддржано од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести