Сведоштво: Син ми се јави на мобилен, па отидов и сам го извадив од автобусот

Сведоштво: Син ми се јави на мобилен, па отидов и сам го извадив од автобусот

Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече„не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусоу, ужасно беше. Вака на кусо ја раскажа трагеијата гостиварец, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар во Клиниката „Мајка Тереза“, пренесе „Република“. Неговиот син се ште не беше опериран, требало да му се врши хируршка интервенција во текот на ноќта.

За разлика од него, многу гостиварци кои дојода на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски. Додека повредените со возила на брза помош се упатуваа кон Скопје, многу гостиварци застануваа со своите возила над местото на трагедијата и делот од автопатот кон Скопје.