Судот во Стразбур отфрли тужба од малолетни мигранти против неколку земји, меѓу кои и Северна Македонија

Судот во Стразбур отфрли тужба од малолетни мигранти против неколку земји, меѓу кои и Северна Македонија
13.06.19   11:13

Прочитано : 106

Print This Article

Во денешната пресуда на Првиот советот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во предметот Ш.Д. и други против Грција, Австрија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Србија и Словенија (жалба бр 14165/16), која се однесуваше на условите за престој на пет авганистански непридружувани малолетни лица-мигранти во Грција, Европскиот суд за човекови права, донесе едногласна пресуда со која се вели дека Грција ја прекршила, додека другите земји не ја прекршиле Европската конвенција за човекови права, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Имено, Судот од Стразбур, заклучува дека делот од жалбата кој се однесува против Австрија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Србија и Словенија е недопуштена, односно очигледно неоснована. Но, аргументите насочени против Грција и во членовите 3 и 5 од Европската конвенција за човекови права се допуштени.

Прочитајте и…  Пендаровски-Могерини: Северна Македонија треба да добие датум за преговорите во периодот јуни – јули

Притоа, ЕСЧП вели дека во однос на Грција има повреда на член 3 (забрана на нечовечко или понижувачко постапување) на Европската конвенција.

Прво, Судот утврди дека условите за притвор на кои беа изложени тројца од жалителите во различни полициски станици се совпаѓаат со понижувачко постапување кон нив, истакнувајќи дека притворот во овие места може да предизвика чувства на изолација од надворешниот свет со потенцијално негативни последици врз нивната физичка и морална благосостојба.

Второ, Судот утврди дека властите не го направиле она што разумно може да се очекува од нив да ја исполнат обврската за поддршка и заштита на четворица жалители – кои живееле еден месец во кампот Идомени во несоодветна околина, како малолетници – кои во голема мера се грижа на грчката држава за оние кои се особено ранливи поради нивната возраст.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести