Судијата Шабани јавно ја опомена ВМРО-ДПМНЕ бидејќи немаше претставник на денешното рочиште

Судијата Шабани јавно ја опомена ВМРО-ДПМНЕ бидејќи немаше претставник на денешното рочиште
16.04.19   12:07

Прочитано : 621

Print This Article

Поради отсуство на Игор Јанушев и Наум Стоилковски, кои се овлестени претставници на ВМРО-ДПМНЕ, судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство беше одложено за 16 мај 2019 година.

Пред почетокот на рочиштето, бранителот на еден од обвинетите, Донче Наков, го извести претседателот на судечкиот совет Осман Шабани дека поради обврски околу кампањата за претседателските избори, претставниците на партијата нема да можат да присуствуваат на судењето.
Обвинителката Ленче Ристовска рече дека ова е обид на обвинетите да го одолговлекуваат судењето поради фактот што денеска го известуваат судот, а не порано и предложи партијата да овласти повеќе лица кои би можеле да присуствуваат на рочиштата.
Судијата Шабани го одложи судењето и јавно ја опомена партијата ВМРО-ДПМНЕ.
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести