Студио 1: Вонредни локални избори во три општини заедно со претседателските

Студио 1: Вонредни локални избори во три општини заедно со претседателските
25.03.19   16:03

Прочитано : 33

Print This Article
искра 2

Отвореното Студио 1 го започнавме со најави за денешната програма, а потоа следеше разговор со Искра Опетчевска за седницата на ДИК.

„Охрид, Ново Село и Дебар се оштините каде со претседателските избори ќе има вонредни локални избори. Тоа што денес се случуваше беше влечење жрепка за редоследот како ќе бидат имињата на кандидатите за избор на градоначалници. Се научивме дека најчесто доктори и бизнисмени се поставуваат за градоначалници, па така и на овие избори кандидатите се доктори и бизнисмени. Интересно е и дека кандидатите годинава се добро познати  на јавноста. Претседателот на ДИК апелираше до сите чинители овие избори да дадеме се од себе, да бидат фер и демократски, бидејќи ќе придонесат за патот до ЕУ“, рече Опетчевска која ги пренесе сите новитети од седницата на ДИК.

Следуваше поента од гостувањето на потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој зборуваше за пресудите за „Крвавиот четврток“, блокирањето од претседателот Иванов на законите и непотизмот.

Првиот блок го заокруживме со најновите информации за временската прогноза со Славчо Попоски.

За тоа какво време не очекува наредните денови, погледнете го видеото во продолжение:

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести