Студио 1 тема: Рак на кожата – тивко доаѓа, а важно е рано да се открие

Студио 1 тема: Рак на кожата – тивко доаѓа, а важно е рано да се открие
16.05.19   17:58

Прочитано : 404

Print This Article

Бројот на нови случаи на рак на кожата е во пораст и во светски рамки, но и во Македонија. Раното откривање е пресудно во лекувањето, а во земјава најчето се открива кога е во поодмината фаза. Затоа секој што ќе се посомнева на некаква необична промена на кожата треба да направи превентивни прегледи.

Причините што доведуваат до рак на кожата може да бидат повеќе – од генетски фактори, фамилијарни предиспозиции, изложеноста на УВ зрачење, број на бемки, неконтролирана употреба на солариум, но и возраст.

Гостин во Студио 1 беше Д-р Софија Пејкова, директор на Клиниката за пластична хирургија која говореше за опасноста и потребата од рана детекција на овој тип на рак.

„Во рамки на овој месец, Клиниката за пластична хирургија учествува во светската кампања за рана детекција и превенирање на ракот на кожата. Кампањата ја започнавме на скопскиот маратон и директно влучени во третманот, сакавме да им кажеме на граѓаните дека сонцето не е опасно, туку неопходно за метаболизмот.

Но експозицијата на сонце долго време е штетна. Затоа ние како тим на хирурзи, медицински сестри учестувавме да докажеме дека правилното превенирање од сончевите зраци е многу важно. Има повеќе фактори . Ендогени (внатрешни) и егзогени (надворешни). Фамилијарна предиспозиција, типот на кожата, експозицијата на УВ зраците и некои други фактори се причините заради кои ова заболување се јавува многу рано. Солариумот исто доколку не е правилно користен предизвикува штетни дејствија на кожата. Дури во некои земји тој е и забранет.

Таа вели дека и во светски рамки бројот на заболени од меланом е зголемен, пред се поради оштетувањата на озонската обвивка и директното влијание на сончевите зраци.

Од анализата што ја направивме, кај нас, дознавме дека најмногу заболени се од регионите каде луѓето се занимаваат со земјоделство, односно каде има директна и долготрајна изложеност на сонце“, вели д-р Софија Пејкова.

Целиот разговор погледнете во видеото:

  Категории: