Студио 1 тема: Албанските гласачи како пресуден фактор за успешен втор круг?

Студио 1 тема: Албанските гласачи како пресуден фактор за успешен втор круг?
24.04.19   23:09

Прочитано : 208

Print This Article

Почна трката во вториот круг за претседател на Република Северна Македонија. Без разлика на резултатите од првиот круг, кандидатите Пендаровски и Силјановска стартуваат од нула. Се очекува ли мирна капања, нешто слично како во првиот круг или реториката ќе се заостри и се она што е поврзано со кампањата.

Гости во Отвореното Студио 1 со Ацо Кабранов беа новинарите Бранко Геровски и Исен Салиу.

„Јас лично очекувам извесно заострување, особено имајќи ги во вид последниве настани што се случуваат околу ИВЗ. Има извесна тензија и нервоза. Можеби таа ќе ја има и во македонскиот политички блок. Тоа може да ја заостри и реториката, дури и поведението на актерите во изборната трка, но  сепак на крајот мислам дека никој нема да ризикува да ни се повторат некакви сценарија или лоши моменти од минатото. Македонија има искуство на многу лоши избори. Имаме и историја на крвави избори – имамвме две изборни „кланици“ во 2013 и 2014 година, кога буквално беа украдени изборите. Јас се надевам дека силната желба на двете страни да постигнат добар резултат, особено на страната на Пендаровски, да дојдат до победа, нема да предизвика никакви такви сценарија“, смета Геровски.

За Салиу, математиката покажува дека претседател ќе биде оној што ќе ги добие гласовите од албанските граѓани во Македонија.

„По се изгледа дека албанските ќе одлучат и дали ќе има цензус во вториот круг и кој ќе биде победникот. Мислам дека и покрај превирањата што се случија во ИВЗ и обидите да се даде политичка конотација на тие случувања, мислам дека албанските гласачи ќе бидат свесни за тежината на моментот, ќе бидат свесни дека ќе изберат еден претседател кој ќе помогне на процесите кои се веќе започнати, вели Салиу.

Целиот разговор во Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

  Категории: