Број на објавени текстови денеска: 122

Стефанова: СЈО не може да знае каде е Камчев, но има увид при секоја промена во неговите фирми

Стефанова: СЈО не може да знае каде е Камчев, но има увид при секоја промена во неговите фирми
23.08.19   13:24

Прочитано : 664

Print This Article

Истрагата за случајот „Империја“, во кој меѓу обвинетите е и бизнисменот Орце Камчев, застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова.

– Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во овие предмети, истакна Стефанова.

Прашана дали се следи имотот на Камчев и дали има одмрзнувања, Стефанова, нагласи дека се е замрзнато и ништо не одмрзнато.

– Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев, како претходно управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент, изјави Стефанова.

Во однос на информациите дека Камчев е во соседна Бугарија, Стефанова, кажа дека нема овластување да побара каде е Јордан Камчев и повторно побара побрзо носење на Закон за јавно обвинителство.

  Категории:
view more articles

Актуелно