Ставени во функција телефони за пријавување загадувачи на амбиенталниот воздух во Делчево

Ставени во функција телефони за пријавување загадувачи на амбиенталниот воздух во Делчево
9.11.19   09:12

Прочитано : 121

Print This Article

Граѓаните на Делчево кои ќе забележат зголемено загадување на амбиенталниот воздух, од денеска ќе можат да пријавуваат на посебно назначени телефоните за таа намена.

Како што информираа од Општината, телефонските броеви се објавени на општинската веб-страна и се достапни во секое време.

-Согласно со препораките на Владата, воспоставени се и дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај правните и кај физичките лица. Вонредниот инспекциски надзор ќе го вршат инспекциски тимови составени од претставници од Општинскиот инспекторат при Општина Делчево и од Полициската станица во Делчево, а инспекциите ќе се вршат во текот на 24 часа на територијата на градот и населените места. Граѓаните кои ќе забележат зголемено загадување на амбиенталниот воздух, ќе можат да пријавуваат на телефоните: 033 411 445,  410 988 и 413 662, информираа од Општината.

Претставници од Општинскиот инспекторат, веќе извршија контрола на правните лица што имаат инсталација на систем за парно греење на дрва, при што како што додаваат надлежните, се информирани за строгата забрана за користење недозволено огревно средство, како остатоци од текстил, стиропор и сл.

-Општина Делчево уште еднаш апелира до граѓаните, правните и физичките лица, да не користат за затоплување на индивидуалните или на деловните објекти недозволен огревен материјал како гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков вид отпад, со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух, дополнија од Општината.

Со цел превентивно делување и спречување пожари во Делчевско, се забранува и палење сува трева, стрништа и растителен отпад. Согласно со законските одредби како што информираа надлежните предвидени се казни за сторителите.

  Категории:
view more articles

Останати вести