Српската естрада не спие: Нови детали за судењето меѓу Јелена и Цеца

Српската естрада не спие: Нови детали за судењето меѓу Јелена и Цеца
14.05.19   21:55

Прочитано : 841

Print This Article

Нови детали на српската естрада.

Имено, Јелена Карлеуша на судењето со Цеца Ражнатовиќ кое се одржа на 8ми мај во Првиот основен суд барала друг судија, по што нејзиното барање било одбиено, неофицијално дознава српскиот „Блиц“.

На споменатото судење дошло до вербален судир помеѓу адвокатот на Јелена Карлеуша и судијата Владимир Милетиќ. Имено, откако судијата по протоколот ги прочитал правата и обврските на сите странци, адвокатот на Јелена Карлеуша веднаш се побунил. Тој јасно дал до знаење на судиите дека нивната клиентка не мора да ја зборува вистината, туку дека има право да лаже по што дојде до барање за исклучување на судијата.

Првиот основен суд во Белград, како сега неофицијално се дознава, го одби барањето за исклучување на судијата.

Инаку, да потсетиме дека Цеца ја тужи Јелена поради нејзините изјави во еден дневен весник дека Ражнатовиќ нарачала убиство на Зоран Давидовиќ Чанде.

  Категории: