Српската актерка Неда Арнериќ пронајдена мртва во нејзиниот стан

Српската актерка Неда Арнериќ пронајдена мртва во нејзиниот стан

Почина славната југословенска и српска глумица Неда Арнериќ.

Како што јавуваат неколку српски портали, телеграф.рс, информер.рс и други, легендарната Арнериќ во нејзиниот стан ја пронашол нејзиниот брат.

Таа веќе била почината, а братот ја пронашол на столица до трпезариската маса…

Арнериќ имаше 67 години. Родена е на 15 јули 1953 година во Књажевац.

Првите информации се дека на нејзиното тело не се забележани трагови на насилство, но истрагата ќе покаже дали починала од природна смрт или пак сама си го одзела животот.

Неда Арнериќ имаше богата глумачка кариера. Беше мега популарна во поранешна Југославија.

Македонската јавност ја памети и по брилијантната улога во македонскиот филм ,,Исправи се Делфина“.