Средбата на Путин и Ким од затворен карактер, американската армија со воени маневри – Анализа во Студио 1

Средбата на Путин и Ким од затворен карактер, американската армија со воени маневри – Анализа во Студио 1
25.04.19   17:02

Прочитано : 57

Print This Article
андоновик-студио1

Путин и Ким се сретнаа во Владивосток, по крвавиот Велигден во Шри Ланка пронајдена нова експлозија и новите тензии меѓу Украина и Русија се темите кои беа дел од анализата на Андоновиќ за вестите од регионот и светот.

Историски самит во Владивосток меѓу Владимир Путин и Ким Џонг ун. Состанокот меѓу лидерите се уште трае и за разлика од помпезното најавување на втората средба со Трамп во Ханој, оваа средба е од затворен карактер. Американската армија започна воени маневри врз севернокорејската граница, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу двете земји.

Нови тензии меѓу Киев и Москва. На само два дена од доаѓањето на Зеленски на власт, двете земји ги затегнаа односите. Украинското собрание усвои закон според кој во Украина постои само украинскиот јазик, па руското малцинство нема право да го користи својот јазик. Путин возврати дека Русите во Украина треба да имаат поголеми права и дека во наредниот период ќе почне да им издава руски државјанства. Зеленски овој чин го оцени како агресорски. Украина побара расправа во Советот за Безбедност н ОН.

Нови обид за терористички напад во Шри Ланка. Нема загинати, но информацијата дека покрај нападите од пред два дена постојат уште седум луѓе кои се шетаат низ Колумбо со ранци со експлозив, предизвика голем страв кај населението.

Целата анализа погледнете ја во видеото.

  Категории: