Србија ја повлекува амбасадорката Дивјак, на нејзино место во Скопје доаѓа екс шефот на БИА?

Србија ја повлекува амбасадорката Дивјак, на нејзино место во Скопје доаѓа екс шефот на БИА?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во последните два месеци потпиша укази за смена на 12 амбсадори, меѓу кои се најде и досегашната српска амбасадорка во Македонија, Душанка Дивјак – Томиќ.

Дивјак-Томиќ е на служба во Скопје од 2010 година како советник и заменик-амбасадор, а на амбасадорската функција стапи во втората половина на 2013 година.

Таа ја вршеше функцијата и за време на насилниот упад во парламентот на 27 април 2016 година, кога во законодавниот дом беше присутен и српскиот дипломат и разузнавач Горан Живаљевиќ, поради што тој беше вратен назад во Белград и моментално му е советник на Вучиќ.

Како можен иден српски амбсадор во земјава медиумите го споменуваа Раде Булатовиќ, кој досега беше амбасадор во Киев, каде заминал на должност откако бил одбиен од Турција.

Инаку, тој е поранешен шеф на српската разузнавачка служба БИА и бил советник за национална безбедност на поранешниот српски претседател Воислав Коштуница.

Извор: Фокус