Спасовски технички премиер?! Заев вели дополнително ќе се договара

Спасовски технички премиер?! Заев вели дополнително ќе се договара

По договорениот датум за избори – 12 април, од лидерската средба произлегоа и шпекулациите за тоа кој ќе биде технички премиер, односно кој ќе ја предводи техничката влада од 100 дена пред изборите, односно од 3 јануари.

Според првичните информации, тоа ќе биде сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сепак, Заев рече дека тоа дополнително ќе се договара во СДСМ.

Согласно Договорот од Пржино, премиерот, во случајов Заев, ќе замине од позицијата и на негово место доаѓа технички премиер на предлог на владејачката партија. Исто така, од позициите ќе заминат и министерот за внатрешни работи и министерот за труд и социјална политика, односно Оливер Спасовски и Мила Царовска. На нивни места треба да дојдат министри на предлог на опозицијата. Исто така, опозицијата ќе добие и технички дополнителни заменици министри за финансии, земјоделство и за информатичко општество и администрација.