Спасовски: сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите

Спасовски: сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите
12.10.19   17:01

Прочитано : 464

Print This Article

До пред години се боревме да се избориме за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слободата, истакна потрпетседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово, информираа од СДСМ.

Денеска со успех констатираме дека таа слобода и демократија ја имаме, но сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите, кои 11 години ја држеа земјата во темнина, додадеСпасовски.

Таа битка не смееме да ја изгубиме, рече Спасовски на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово, додавајќи дека таа битка се покажува на дело секој ден низ неселективна паравда и транспарентни постапки и секој еден што се огрешил пред законот се изведува пред лицето на правдата.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести