Спасовски: МВР да се грижи за безбедноста

Спасовски: МВР да се грижи за безбедноста

– Институциите да продолжат да функционираат нормално, да ги испорачаат сите услуги кон граѓаните, пред се одржувањето на безбедноста и стабилноста на Република Северна Македонија. Оваа порака ја упати техничкиот премиер Оливер Спасовски до сите институциите, посебно до Министерство за внатрешни работи, кое деновиве донесе неколку одлуки,меѓу кои и за прераспределба на обезбедувањето кај претседателот, Стево Пендаровски.

-Посебно треба да се внимава во МВР, заради тоа што многу е важно да немаме никакви сериозни закани за безбедноста или пак да се предизвикаат одредени постапки кој што ќе бидат превземени и на тој начин да дојдеме во една ситуација на нестабилност и неизвесност кај граѓаните. Тоа не ни е потребно. Сметам дека не носи ништо добро тоа што ќе создаде хаос. Очекувам сите овие недоразбирање да бидат надминати, изјави  Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прва прес – конференција во Владата.

Тој истото така додаде дека примарна задача на оваа Влада е да продолжат да функционираат институциите, да продолжат сите проекти, и се она што е предвидено во програмите и во буџетот да го реализираат, односно организација на фер и демократски избори.

-Затоа треба сите политички субјекти кои учествуваат во Владата, да имаат политички сенс и одговорност, и да не излегуваат надвор од рамките на она што им е дадено како можност со Законот за Влада. Второ да не се нарушува функционирањето на институциите и да се одржуваа некаков нормален тек на работите. Сè што е надвор од овие приоритети е некакво своеволно толкување и на одредбите на законите, и на начинот на кој се функционира, кажа Спасовски.