Советот на Европа против проектите „Бошков мост“ и „Луково поле“

Советот на Европа против проектите „Бошков мост“ и „Луково поле“
8.12.15   10:53

Прочитано : 841

Print This Article
loading...
loading...

Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа бара да се суспендираат сите инфраструктурни проекти во Националниот парк „Маврово“, особено проектите за изградба на хидроелектраната „Бошков мост“ и на акумулацијата „Луково поле“, пренесе Билд.

Воедно, на 4 декември од негова страна беа донесени обврзувачки препораки за нашата земја поврзани со планираните енергетски проекти на оваа локација, како резултат на поднесената жалба од Еко-свест и од Фронт 21/42 и отворањето на случајот од Советот на Европа. Донесените препораки се темелат на спроведената истрага од независни експерти и набљудувачи, кои ги проучуваа евентуалните закани од овие проекти врз биодиверзитетот во НП „Маврово“.

Lukovo pole akumulacija viz01

Истрагата покажа дека планираните енергетски проекти во овој национален парк не се компатибилни со статусот на заштита на паркот и на вредните екосистеми и видови, посочувајќи дека плановите за изградба на „Бошков мост“ и на „Луково поле“ треба да бидат напуштени. Усвоената препорака од Постојаниот Комитет побара сите владини проекти во рамките на територијата на НП Маврово да бидат суспендирани се додека не се подготви Стратешка оценка за влијанието врз животната средина. Дополнително, Република Македонија во рамките на оценката ќе треба да одговори на специфичните потреби за зачувување на видовите за кои Националниот парк „Маврово“ носи посебна одговорност.

Европската банка за обнова и развој и Светската банка како финансиери на двата проекта ќе мора да ги земат во предвид донесените препораки од Советот на Европа. Истовремено, нашата земја ќе мора истите да ги прифати, земајќи го во предвид фактот дека Македонија ја има ратификувано оваа конвенција во 1997 година.

  Категории: