Сопругот на Марија дури по три дена пријавил дека ја нема

Сопругот на Марија дури по три дена пријавил дека ја нема

Веќе шест дена се трага по младата мајка Марија Брзакова од село Босилово, Струмица. Нејзе и се губи секаков траг откако во саботата рано наутро го напуштила својот дом, облечена во темни тренерки и влечки или патики, без документи и мобилен телефон кај себе.

Утре во осум часот наутро жители на Босилово и ловџии од тој крај се организираат да ја пребаруваат околината, во надеж дека ќе ја пронајдат Марија или пак ќе наидат на некој траг.

Настанот со исчезнувањето на младата мајка го предизвика интересот на јавноста. Жителите на селото исто така биле доста вознемирени од случката.

Хризантема Рендевска од СВР Струмица за ,,Фокус” потврди дека во потрагата ќе се вклучат ловџиите и жителите на општината, и покрај тоа што полицијата интензивно трагала по Брзакова. Таа ни ја потврди информацијата дека исчезнувањето на Марија (28) во полиција го пријавил нејзиниот сопруг во понеделникот, односно дури три дена по нејзиното исчезнување.