Соочување со минатото и сегашноста

Соочување со минатото и сегашноста
10.10.19   19:08

Прочитано : 457

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Балканците треба секое утро, пред да си го измијат лицето пред огледало, да си ја повторуваат познатата изјава на Винстон Черчил, дека „Балканите произведуваат повеќе историја отколку што можат да потрошат“. Тоа треба да им биде утринска мантра на сите што живеат на било кое парче балканска земја подолго од еден ден. Треба да се стави како натпис на секој граничен премин… Да се стави веднаш под баркодот на секоја фискална сметка… Да биде прва реченица на секој час во училиште… Да се издлаби на работната маса на секој академик во секоја земја… На политичарите да им се постави како почетна страна на нивниот мобилен телефон, а може и како плочка на седиштата пред нив, додека се возат во скапите службени коли.

Сите балкански народи (читај: нивните лидери и интелектуални „елити“) со децении (па и векови) ја злоупотребуваат историјата крајно неодговорно и во политички цели. Историјата често им служи како штит на патолошките криминалци на власт низ Балканите. Цел живот прејадувани и пијани како гусари, самонаречените интелектуалци, „кремот“ на општеството, имплантирани во највисоките научни и образовни институции, не работат ништо со генерации, освен што ги хранат балканските криминалци со квази аргументи за нивните тапоглави политики што водеа кон бескрајни крвопролевања низ историјата, сѐ до денешен ден. Квазиисториските бајки на политичарите ги поделија народите и заедниците низ Балканот и ги задоија со омраза и глупост.

Од Вардара, па до Триглава, од Ѓердапа, па до Јадрана, и до Црно, Јонско и Егејско Море (не знам како треба да го наречам по Преспанскиот договор), политичките лидери се служат со историјата, за да разделат, па да владеат. Историјата е крвавиот меч во нивните раце, со кој го загорчуваат животот на десетиците милиони луѓе што живеат на овој крвав полуостров, несреќниот и сиромашен потконтинент на пребогатата Европа.

Пред да почнат да вреват и уценуваат, буквално сите балкански лидери треба да си погледнат прво во својот двор и стопати да си ја повторат изјавата на Черчил за балканската хиперпродукција на историјата.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести