Солскјер: Знаевме дека во второто полувреме Вулвс ќе играат како нивната куќа да е во оган

Солскјер: Знаевме дека во второто полувреме Вулвс ќе играат како нивната куќа да е во оган
20.08.19   09:29

Прочитано : 128

Print This Article

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го искажа своето видување на натпреварот од второто коло од Премиерлигата со Вулверхемптон (1:1).

– Доминиравме во посед на топката, постигнавме гол, но знаевме дека во второто полувреме тие ќе играат како куќата да им е во оган. Веројатно заслужија гол. Мислев дека повторно ќе ја преземеме контролата над натпреварот и ќе победиме. Во првото полувреме покажавме зрел учинок. Второто полувреме беше малку невешт. Ние работиме на подобрување на играта. Имаме млад тим кој ќе учи. Заработивме пенал, кој обично носи уште два бода, но понекогаш голманот прави добри нешта, изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед по две кола во Премиер лигата има четири бода.

  Категории: