Рецепт: Сок од кајсии

Рецепт: Сок од кајсии
22.08.19   12:19

Прочитано : 478

Print This Article

Во секој момент свеж сок од кајсии …

Потребно е:
1 кг кајсии
1 кг шеќер
сок од 1 поголем лимон

Подготовка:
– Кајсиите измијте ги, исчистете ги од семките, исечете ги на четвртинки и ставете ги во едно подлабоко тенџере.

– Сипете шеќер над кајсиите и оставете ги да отстојат преку ноќ.

– Следниот ден ставете ги на рингла да се варат на најаку, а потоа намалете ја температурата и варете ги со повремено мешање околу 20 минути.

– Тенџерето тргнете го од рингла и оставете да се излади. Кога потполно ќе се излади додадете го сокот од лимон.

– Добиената смеса ставете ја во блендер и убаво сомелете ја во густа хомогена маса.

– Добиената смеса за сок поделете ја во мали кесички за замрзнување и ставете ги да се замрзнат.

– Вадете по едно кесиче од замрзнувач, ставете го во стаклен бокал и додадете вода или минерална вода во зависност од тоа колку сакате да биде сладок сокот.

– Може да додадете уште сок од лимон и коцки мраз.

  Категории:
view more articles

Актуелно