Собранието одби денеска да ја разреши Катица Јанева

Собранието одби денеска да ја разреши Катица Јанева
11.09.19   14:09

Прочитано : 1,003

Print This Article

Не помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Собранието денеска да гласа за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ точка на дневен ред да биде разрешувањето Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, специјалната обвинителка да биде разрешена.

Според партијата на Христијан Мицкоски, дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот „Рекет“, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.

Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Собранието денеска да гласа  Јанева да биде разрешена. Според ВМРО-ДПМНЕ нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на позицијата специјален јавен обвинител.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го стави предлогот пратениците денеска да гласаат за разрешувањето на Јанева, но претходно образложи дека разрешувањето на шефицата на СЈО треба да биде на посебна седница и по предходен политички договор.

Мандатот на Јанева истекува на 15 сeптември.

  Категории: