ВИДЕО: Собранието ја отфрли иницијативата на независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ за нарко – тест

ВИДЕО: Собранието ја отфрли иницијативата на независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ за нарко – тест
Sobranie

Пратеничките групи во Собранието едногласни. Врз нив може да се направи нарко тест. Денеска независнта пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива со која бара најбрзо веднаш првиот ден по викендов,  медицински тимови во собранието да ја проверуваат состојбата со нракотични средства на пратениците.

Собранискиот спикер Талат Џафери ја отфрли иницијативата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за доброволно тестирање на народните избарнаици од наркотици. Во соопштението до јавноста стои дека ниту во законот за пратеници, нит во Деловникот ниту во Уставот нема правен  основ за спроведување. Го посочува Законот за безбедност и членот 22 во кој пишува ека работодавачот мора да обезбеди здрањвствени прегледи за вработените на секои 24 месеци. Посочува дека и вработените и пратениците  одат на редовни годишни прегледи со кои е потврдува нивната здравствена состојба.

Последиот сисематски преглед се лреализирал во 207 година а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година .

Денеска пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, го претрка ДУИ и до Собранието достави иницијатива со која се бара сите народни избраници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе.

Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, административни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно, стои во соопштение до медиумте.

За СДСМ ваквата иницијатива е прифатлива.

ВМРО-ДПМНЕ уште вчера најави дека за нив не е спорна проверка со нарко тест.

Собранието да воведе посебни контроли за користење на наркотици, рече Дафина Стојалновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера и ДУИ најави дека подготвуваат проект со кој ќе бараат ветинг на функционерите институции кои вршат јавни дејности почнувајќи од политичарите па се до судиите и обвинителите.

Контрола за коруптивни и криминални дејствија, за наркотични средства, за било каква поврзаност која што ниту од етичка ниту од морална ниту од  законска гледна точка би било пречка за да таа личност и служи на јавноста, рече Груби.

Собранискиот спикер Талат Џафери ја отфрли иницијативата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за доброволно тестирање на народните избарнаици од наркотици. Во соопштението до јавноста стои дека ниту во законот за пратеници, нит во Деловникот ниту во Уставот нема правен  основ за спроведување. Го посочува Законот за безбедност и членот 22 во кој пишува ека работодавачот мора да обезбеди здрањвствени прегледи за вработените на секои 24 месеци. Посочува дека и вработените и пратениците  одат на редовни годишни прегледи со кои е потврдува нивната здравствена состојба.

Последиот сисематски преглед се лреализирал во 207 година а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година.


Весна Велкова Тодоровска