Со знакот за победа објавена фотографија од момчињата спасени од пештерата Там Луанг

Со знакот за победа објавена фотографија од момчињата спасени од пештерата Там Луанг
11.07.18   20:26

Прочитано : 312

Print This Article
loading...
loading...

Со знакот на победа, во јавноста се појави фотографија од  децата кои беа спасени откако поминаа 17 дена во пештерата Там Луанг. На фотографијата се неколку момчиња со маски за лице и болничка облека.

12 момчиња и нивниот тренер извлечени се низ лавиринтите од пештерата и сите поминаа без повреди. Во акцијата за спасување учествуваа специјално обучени нуркачи од целиот свет како и специјалните тајландски сили „фоки“.

Од моментот кога беа пронајдени беа под постојан надзор од лекар и стручњаци. А кога беа извлечени во акција што траеше неколку дена, превезени се во болница каде се извршуваат детални претраги на нивната состојба.

„Повеќето момчиња извлечени од пештерата изгубиле околу 2 килограми на тежина, но се во добра општа состојба и не покажуваат знаци на стрес“, изјави инспекторот на тајландското Министерство за здравје Тонгчај Лертвилаиратанапонг, пренесе Ројтерс.

Момчињата се во карантин, односно не смеат да контактираат со родителите или со членовите на семејството освен преку заштитно стакло. Причина за таква мерка се стравувањето на лекарите дека може да се изложени на опасни болести од заразена вода во пештерата или од животните кои живеат таму.

Најмногу се сомневаат на пештерска болест, позната како хистоплазмоза, која може да се добие со вдишување спори на мовови, често најдувани во тлото од изметот на птиците или лилјаците.

Друга болест која им се заканува на момчињата е лептоспироза која се добива од урината на глувците, како и мелиодоза, тропска болест предизвикана од бактерии кои живеат во влажни места, а влегуваат во телото преку гребаници и рани.

  Категории: