Со кого си таков си

Со кого си таков си

Ви пренесуваме дел од колумната на Зоран Иванов за Цивил Медиа:

Сигурно ја слушнавте оваа вест: Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Судот констатирал застареност на случајот.

Ете тоа е таа Македонија која сака во Европа и на која, не македонскиот правен поредок, туку на која виновникот ѝ е Макрон. А всушност, целото наше судство топтан, онака топтан од портирот на основниот до првиот во врховниот е криминогено. Нема друга дефиниција освен дека целиот правен поредок е криминален. Целиот. Наспроти тоа што политичарите, дури и оние со највисоки и најодговорни државни и партиски функции, знаат да кажат дека судството е генерално добро, но дека тука и таму само поради малку мина несовесни и поткупливи, сликата за целиот правосуден систем е грда.

Не, не. Судството елементарно е корумпирано и генерално е криминално. Нема друг збор, туку дека е криминално од првиот до последниот таму. На било кое ниво и на било која позиција. Тоа приказните со застарување на обвинителните предмети поради вакви или онакви околности, е класична корупција. Еве, нека не е баш така. Ама тоа јавноста недвојбено го доживува така. Впрочем, ваквото наше судство, со ваквите епилози како со веста од почетокот на текстов, со купот скапи рочишта во празно што ги плаќаат граѓаните, тоа е најмалата цена. Најголемата е што ваквиот систем нѐ прави и нѐ направи последни наивни будали.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.