Случајот со гинекологот Дамчевски и зголемениот број млади кои сакаат да заминат од Македонија – теми во Студио 1

Случајот со гинекологот Дамчевски и зголемениот број млади кои сакаат да заминат од Македонија – теми во Студио 1
6.12.18   17:01

Прочитано : 185

Print This Article
Menche

Во отвореното Студио 1 гостинка е новинарката Менче Атанасова Точи, која го откри случајот со гинекологот Николче Дамчевски, кој девет месеци лажеше пациентка дека е трудна, а потоа и дека побегнал во Бугарија, каде што продолжил со лекарската дејност, иако во Македонија има забрана.

МВР денеска соопшти дека Дамчевски добил отказ во бугарската болница и случајот се испитува, но надлежните изјавиле дека немало пречка да се вработи, бидејќи бил бугарски државјанин. Тој имал бугарски пасош кој не му бил одземен, иако македонското обвинителство, по допрен глас, го знаело тоа уште пред неколку месеци.

-Се снашол. Таму доставил документи од 17 март 2016, тоа е некоја потврда дека поседува лиценца и од август 2018 доставил документ дека не е осудуван. Уште не била извршна пресудата, а судскиот процес траеше. Тој се подготвувал цело време. Го чекаме соопштението од бугарската болница од кога точно работи таму, очигледно веќе неколку месеци, објаснува Точи и додава дека додека институциите си ја префрлаат одговорноста, не е јасно кој повеќе потфрлил.

Во овој дел од Студио 1 гостин беше и Блажен Малевски, претседател на Младинскиот совет, кој зборува за истражувањето кое ја откри фрапантната бројка дека 77% од младите сакаат да ја напуштат државата.

-Клучните работи во кои треба да инвестираме се образование, можности за младите, да можат да просперираат во Македонија, владеење на правото за да се чувствуваат сигурни за она што го прават тука и можат да го изградат, да се чувствуваат безбедни дека ќе остане нивно. За жал, Македонија во сите три сфери е малку проблематична земја и нормално е дека младите ќе сакаат да ја изградат својата иднина во општество каде што ќе можат да просперираат, вели тој.

  Категории: