Случај Адеми – злоупотреба на функцијатa или политичка одмазда?

Случај Адеми – злоупотреба на функцијатa или политичка одмазда?
12.06.19   20:58

Прочитано : 1,140

Print This Article

Случајот со министерот Арбер Адеми и двајца други државни фукционери околу кои се дигна прашина во јавноста откако просветниот инспектор излезе со тврдење дека незаконски се стекнале со наставно-научни звања отвори прашања дали станува збор за злоупотреба на функцијата или политичка одмазда?

Случајот со министерот за образование Арбер Адеми и двајца други државни фукционери околу кои се дигна прашина во јавноста откако просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски излезе со тврдење дека незаконски се стекнале со наставно-научни звања на тетовскиот универзитет, бидејќи во тој период работните места им биле во мирување, не се преседан, велат упатените кои додаваат дека вакви примери има во континутет со години наназад на сите високообразовни институции во земјава, пишува РСЕ.

Изборите и унапредувањата во наставничките позиции на домашните високо образовни институции често ги следат контроверзи, лобирања опструкции.

По објавувањето на текстовите за нерегуларностите на тетовскиот универзитет Државниот просветен инспекторат се огради, велејќи дека наводите на инспекторот Илиевски не претставуваат официјален став на институцијата каде што тој работи и оти тие се изнесени како негов личен став и негова самоиницијатива. Државниот просветен инспекторат поради ова покрената постапка и даде налог до раководителот на секторот за инспекциски надзор да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово.

Случајот го истражува и Државната комисија за спречување корупција, бидејќи Илиевски и таму поднел претставка.

„Веќе имаат проблеми меѓу себе. Државниот просветен инспекторат се огради од инспекторот, но независно од тоа ние ќе ја утврдиме состојбата, ќе побараме документација и кога ќе одлучуваме, тоа ќе биде кажано на јавна седница“, изјави Нури Бајрами од ДКСК.

Реконструкцијата ќе го почека датумот

Во меѓувреме, во изминатите денови во јавноста се води дебата дали последниот случај со Адеми е последица на вршење политички притисок врз образованието или овие и сите други слични случаи на унапредување на научни позиции на одредени лица, кога нивната партија е на власт, се само потврда дека во нашите инститциите се наоѓаат луѓе кои можеби не се достојни за функцијата која ја извршуваат.

Упатените се сомневаат дека до доѓањето на повисоки научни звања може да се манипулира на разни начини.

Меѓутоа, професор Борче Давиткосвки вели дека стана дел од македонскиот фолклор секоја политичка власт која доаѓа да се пресметува со своите политички неистомисленици, особено во универзитетската фела и да врши притисок за начинот на избор и дали ги исполнуваат условите.

„Оној кој е надлежен да ја цени законитоста требало да крај да ја цени зоконитоста вака на овој начин невообичано е. Инспекторот има јавни овластувања, тој може да забрани да нареди, сега преку посреднички орган, преку ДККС преку „капиџик“ да земе да се интервенира за одредени нерегуларности. И ако се утврди нергуларност требало веднаш да се реагира. Тоа е исто кога на време се затвораа кафулиња на политички противници, тоа отприлика сега е исто“, вели Давитковски.

повеќе

  Категории: