Слики на Ван Гог сместени во часовник од над 173.000 евра

Британскиот уметник Дејвид Линдон ја создаде првата „подвижна уметничка галерија во светот“ – рачен часовник којшто содржи три минијатури од можеби најпознатите дела на холандскиот сликар Винсент ван Гог.

Станува збор за сликите „Ѕвездена ноќ“, „Сончогледи“ и „Автопортретот“, чија големина е околу 0,5 милиметри, поради што тие не се видливи со голо око, туку само под микроскоп. На Линдон му биле потребни два месеци да ги стави двете слики во часовникот. И, сега тој се продава за 173.530 евра. Британецот, имено, добил налог да ја пресоздаде трилогијата на Ван Гог во чест на 50-годишнината на Музејот на Ван Гог во Амстердам, што се одбележува овој месец.

„Голем предизвик е да ги контролираш рацете и дишењето и да направиш нешто од речиси ништо. Само кога ќе ја погледнете низ микроскоп, може да ја цените магијата на ситниците“, напиша Линдон на својот блог.

Тој работел само ноќе за да ја избегне сообраќајната бучава и други звуци однадвор што би го вознемирувале… И да работи во апсолутна тишина.

„Морав да го забавам дишењето, па да ги стабилизирам рацете и да го одржам пулсот што е можно понизок. Промената на отчукувањата на срцето може да уништи неколкумесечна работа. Моите раце малку се движат со секое отчукување на срцето, па работам во ритам меѓу секое отчукување”, појасни уметникот.

Од 2019 година, Линдон се има посветено на техничките предизвици на микроскопската уметност. Тој користи модифицирана опрема којашто му одговара на неговиот стил, а тоа му помага да ги усоврши своите дела

Back to top button
Close