Славчо Попоски: Во текот на следната недела на повидок првиот поизразен топол бран од Африка

Славчо Попоски: Во текот на следната недела на повидок првиот поизразен топол бран од Африка
17.04.19   16:00

Прочитано : 1,106

Print This Article

Според најновите анализи кој само што ги направивме укажуваат на тоа дека во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од поизразено јужно воздушно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата држава да продре значително потопол воздух. Сепак што се однесува до временската состојба целосна стабилизација на атмосферата не треба да очекуваме и во текот на следната недела.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и насекаде се очекува да го надминат 20тиот степен додека пак во најтоплите предели од државава очекуваме температури дури и до близу 30 степени. Ќе започне да дува и јужен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Нови и обновени информации очекувајте овие денови кога навремено ќе ве информираме околу секоја ново настаната временска систуација.

Подготви: Славчо Попоски

  Категории: