Славчо Попоски: Спремни за првите температури од 30 °C?! Детално анализирање на времето

Славчо Попоски: Спремни за првите температури од 30 °C?! Детално анализирање на времето
17.04.19   16:06

Прочитано : 2,714

Print This Article
effac06c5b359bf8cbe16d45e18d87f9-e1527958386706

Како што веќе најавиме и претходно во текот на следната недела се поголеми се условите нашата територија да подпадне под влијание на изразено јужно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата територија продор на значително потопла воздушна маса која ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 20тиот степен додека пак во најтоплите региони за прв пат оваа сезона очекува температури кој ќе се искачат и до околу 30 степени.

Секако со оглед на тоа дека не очекува се поголемо затоплување во текот на следниот период што е и многу нормално, во исто време очекуваме и понатамошен пораст на ултра виолетово зрачење што значи дека ув индексот понатаму ќе бележи тенденција на пораст. Сепак и покрај овој Африкански продор во текот на следната недела не очекуваме целосна стабилизација на времето.

Да напоменеме дека во текот на утрешниот ден повторно не чека посвеж ден со максимални температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени со што на повеќе места очекуваме повремени локални врнежи од дожд, локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град, на највисоките планиински места повторно очекуваме нови врнежи од снег.

Подготви: Славчо Попоски

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести