Славчо Попоски со ПРЕКРАСНИ информации: Следува ГОЛЕМО затоплување и летни температури

Славчо Попоски со ПРЕКРАСНИ информации: Следува ГОЛЕМО затоплување и летни температури
16.05.19   18:06

Прочитано : 2,173

Print This Article

Под влијание на значително потопла воздушна маса кој од северните предели на Африка ќе продре кон нашата територија за време на претстојниот викенд ќе имаме постабилно време со повеќе сончеви периоди иако во попладневните часови само на планинските места има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи температурите на воздухот значително ќе пораснат и особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Нови услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има од понеделник но останува топло времето што значи големо заладување нема на видик.

Поради јужното и југозападното воздушно струење подвторно од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок па особено метеопатите овие денови може поради ваквата ситуација да чувствуваат здравствени проблеми.

Подготви: Славчо Попоски

  Категории: