Славчо Попоски со нови информации: УЖИВАЈТЕ во прекрасните сончеви денови

Славчо Попоски со нови информации: УЖИВАЈТЕ во прекрасните сончеви денови
18.08.19   16:37

Прочитано : 874

Print This Article

Под влијание на релативно висок воздушен притисок и на стабилна, сува и повторно значително потопла воздушна маса од југ, во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност.

На средината од неделата што ни претстои ќе почне да дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на понатаошен пораст и на средината од неделата ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе биде претежно МНОГУ ВИОК и ќе има вредност некаде од 7 до 8.

Во ваква ситуација, граѓаните што повеќе да се заштитуваат и да пијат многу повеќе течности.

Уживајте во прекрасното и топло лето кое не очекува понатаму.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

  Категории:
view more articles

Актуелно