Славчо Попоски со нови детали: Нов ГОЛЕМ влажен бран доаѓа во државава, можни поплавувања

Славчо Попоски со нови детали: Нов ГОЛЕМ влажен бран доаѓа во државава, можни поплавувања
11.07.19   18:12

Прочитано : 2,298

Print This Article
nevreme-1

Под влијание на нов изразен влажен воздушен бран за време на викендот и тоа особено во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела се очекуваат нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд ( локално над 30 л/м2). Секако се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град, токму поради оваа ситуација граѓаните да бидат ВНИМАТЕЛНИ а поради поинтензивните врнежи можни се и локални поплавувања.

Влијанието на посвежата воздушна маса од север понатаму кај нас ќе условува подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината па така истите на повеќе места ќе останат под 30 степени а наутро најниските температури понекаде се очекува да се спуштат и под 10 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести