Славчо Попоски: Следуваат значително постудени утра, има услови за појава на мраз

Славчо Попоски: Следуваат значително постудени утра, има услови за појава на мраз
15.04.19   22:48

Прочитано : 449

Print This Article

Иако со намален интензитет сепак и во следните денови останува влијанието на циклонот Кристијан кај нас. Времето ќе биде променливо облачно но ќе има и сончеви периоди додека особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Тоа што е особено важно за следните денови е дека утрата ќе бидат значително постудени со многу пониски температури на воздухот кој на некои места ќе се спуштат и под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот некаде од -2 до 7 степени што значи на некои места ќе има услови и за појава на слаб мраз. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен. Исто така на највисоките планини повремено повторно ќе има услови и за повремени врнежи од снег.

Со оглед на тоа дека во следните денови утрата ќе бидат значително посвежи односно постудени ве советуваме доколку излегувате со себе задолжително да си понесете потопла облека затоа што и како ќе ви биде потребна.

Инаку во последните 24 часа циклонот Кристијан услови количество на врнежи и тоа 25 л/м2 во Тетово, 17 во Берово, 16 во Скопје, 14 литри во Пожаране и во Штип и во Гевгелија 11 л/м2.

Подготви: Славчо Попоски

  Категории: