Славчо Попоски: Навикнете се на се посилни и поразорни НЕВРЕМИЊА, Македонија на удар на нов бран на врнежи и НЕВРЕМЕ

Славчо Попоски: Навикнете се на се посилни и поразорни НЕВРЕМИЊА, Македонија на удар на нов бран на врнежи и НЕВРЕМЕ
12.07.19   22:06

Прочитано : 2,259

Print This Article
66416144_2300343943414633_1809361183686262784_o

Граѓаните на нашата држава во текот на следните години треба да се навикнат на се посилни и почести временски непогоди како што беше на пример невремето во Преспа и пошироко во регионот. Инаку како што веќе најавивме во текот на утрешната ноќ како и во недела под влијание на нов поизразен влажен бран поврзан со нестабилна воздушна маса се очекуваат нови врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, сепак овој пат најинтензивни врнежи ќе има во источните и во југоисточните предели од државава (над 20 л/м2). Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град.

Значително нестабилно ќе се задржи и во текот на следната недела со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер и секако и понатаму ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси. Температурите на воздухот ќе бидат под просекот за овој дел од годината и на многу места нема да надминат 30 степени.

На граѓаните ги предупредуваме во случај на силен ветер да внимаваат каде и како се движат, исто така во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Во следниот период се очекува локално и значително количество на воден талог со што има услови за локални поплавувања.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

  Категории: