Скопје доби прв кафе бар со вработени лица со попреченост – разговор во Студио 1

Скопје доби прв кафе бар со вработени лица со попреченост – разговор во Студио 1
8.11.18   22:58

Прочитано : 450

Print This Article
loading...
loading...
Studio

Во Скопје повторно се отвори еден стар локал под ново име – Umbrella, а интересно е тоа што реши да вработи лица со попреченост.

-Склопивме тим од десетина луѓе кои поминаа на обука кај нас, за тие „меки вештини“. Идејата е препишана од Дубровник. Вакви локали функционираат низ цел свет, во Европа, кај нас на Балканот ги нема многу. Порано се занимавав со угостителство и се решив на ова, вели сопственикот Маријан Петров.

-Решивме да се вклопиме во оваа приказна, да се потрудиме да ги вработиме овие лица во отворената економија, а не како до сега во затворено, каде што не се видливи за очите на јавноста. Идејата беше да бидат препознаени колку се добри и подготвени да го работат тоа за што го учеле, а да поработиме и на свеста на останатата популација, вели Софија Георгиева, ментор на програмата и професор на филозофскиот факултет.

-Не верував дека ќе можам, ова е првпат да работам во кафуле на шанк, сега за сега одлично. Не мислев дека ќе бидам за шанк, но се интересирав за се. Не учеа да бидеме културни со гостите, како да се однесуваме, како да ги пречекуваме, вели Шенкар Џемаилов, вработен во кафе барот.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории: