Број на објавени текстови денеска: 92

Сите ученици со попреченост ќе се инкорпорираат во редовните училишта

Сите ученици со попреченост ќе се инкорпорираат во редовните училишта
11.07.19   19:38

Прочитано : 163

Print This Article

Сите ученици со попреченост ќе се инкорпорираат во редовните училишта, најави министерот за образование Арбер Адеми, кој очекува новиот предлог-закон за основно образование, летово да биде усвоен во Собранието.

За секое дете со попреченост ќе бидат задолжени лични и образовни асистенти, како и едукатори и рехабилитатори. Посебните училишта, каде досега посетуваа настава децата со попречености ќе заминат во историјата, но исклучок се прави единствено за децата со потешка попреченост, кои ќе може да се дообразуваат во посебно училиште, но со дополнителен ресурсен центар.

Министерот нагласи дека со новото законско решение веќе нема да биде дозволена паралелка со повеќе од 30 ученици, а додаде и дека нема да има намалување на бројката на наставни часови, бидејќи нашите ученици и така заостануваат година и половина од своите врсници во Западна Европа во образовниот процес, односно имаат 900 наставни часови помалку.

Адеми најави и департизација во основното образование. Директорот ќе биде биран од страна на училишниот одбор, во кој ќе членуваат тројца наставници, тројца родители и еден претставник од општината.

Адеми нагласи и дека Министерството финансиски ќе ги поддржи учениците кои ќе настапуваат на меѓународните натпревари по математика, информатика или природни науки.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести