Сите сме ние бајрами

Сите сме ние бајрами
15.05.18   22:27

Прочитано : 3,600

Print This Article
loading...

Врз основа на која разлика во убавината, паметта и чесноста, луѓето го диференцираат Амди Бајрам од просекот на таканаречената политичка елита. Јас не гледам според кои критериуми Хорхе, да речеме е подобар од Амди. Или новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас знам дека можат да се најдат детали кои во оценувањето за уметничкиот впечаток можат да му дадат предност на Јово Вангеловски, на Александар Николовски или на Солза Грчева, но има и точки во кои Амди би бил многу подобар од овие уштиркани персони. На моменти, дури, ми се чини дека вревата околу овој јунак на транзицискиот труд, произлегува од малите разлики, дека отсуството на суштински разлики, ги дразни колегите на Амди и морализаторските прдежи што седат крај реката Вардар и мислат кај би им бил крајот да не им е Амди. Односно тие да не се бајрами. Но-се! Некој повеќе, некој помалку, сите во политиката се бајрами.

А и надвор од политиката ситуацијата не е мнигу подобра. Амди не е исклучок, туку е типичен претставник на македонското политичко милје исткаено од неморал, невкус, грамзивост, криминалност, неукост, бесчувствителност и, ако ги иземеме власта и парите- беспринципиелност.

Во нападите и заебанциите во врска со Амди Бајрам има и една проекција на тоа каква би сакале да ни биде политиката. И политичарите. Но, остварувањето на тие стандарди не може да се постигне со елиминацијата на Амди, туку со општа промена на политичка елита и на културната и економска основа на општеството. За што ќе треба време, а прашање е дали и сето време на светот да ни го дадат, ние ќе стигнеме да се поправиме како луѓе, оти проблемот, всушност, навлегува во зоната на нашите идентитети. И национални, се разбира.

Конечно, Амди не влегува во парламентарното мнозинство со својот интелект или со својата убавина, кои се неспорни, туку како политички фактор со кој можеме да се согласуваме или не, но, не можеме да го негираме. Такви фактори како него има и во развиените демократии, а ако малку подобро погледнете, ќе видите дека Собранието на Горна Македонија е полно со такви ликови.

Со тие гнили круши Заев ќе мора да го прави компотот за долгата зима на нацијата. Не со ликови од нашите желби, туку со типови какви што не дал господ.

Се разбира, селекцијата и во вакви услови може и мора да биде подобра.

Тоа е.

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

loading...
  Категории: