СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
12.07.19   17:31

Прочитано : 333

Print This Article
siriza-520×260

Одлуката на Владата да го признае Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, не само што не придонесува во мирно решавање на оваа сериозна криза и покажува и непознавање на случувањата во земјата, туку и ја слабее улогата на Грција во ЕУ како мост за дијалог и посредништво за решавање на такви кризи во трети земји, реагираат од грчката опозициска партија СИРИЗА, по денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на одлуката за признавање на венецуелскиот привремен претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА наведуваат дека Грција мора да продолжи и понатаму да ги поддржува изјавите на Федерика Могерини, разговорите во Осло и иницијативите во ЕУ преку Меѓународната група за контакт за одржување демократски избори колку е можно побргу, но „не и да го жртвува нејзината улога како столб на мир и стабилност“.

– СИРИЗА ќе продолжи цврсто и динамично да ги поддржува овие позиции за меѓународната улога на Грција и иницијативите на ЕУ во мирно решавање на кризите, соопштуваат од СИРИЗА.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести