Сириските бунтовници се согласија да го напуштат градот Дара

Сириските бунтовници се согласија да го напуштат градот Дара
12.07.18   18:22

Прочитано : 38

Print This Article
bunt

Сириски активисти и државни медиуми соопштија дека бунтовниците се согласиле да им го предадат на безбедносните сили градот Дара, кој прв се побуни против претседателот Башар ал Асад пред седум години.

Активистот Ахмад Масалмех изјави дека борците треба да изберат меѓу амнестијата предложена од Владата или да го напуштат градот со своите семејства кон териториите кои се под контрола на опозицијата. Тој пред четири денови заминал од Дара во Јордан.

Гувернерот на провинцијата Дара, Мохамед ал Ханус истакна дека владините сили контролираат повеќе од 80 отсто од градот.

Во вторникот вечерта, сириските државни медиуми објавија дека бунтовниците од Дара се согласиле да го предадат своето оружје.

loading...
loading...
  Категории: