Синот на Јанева рекол дека вториот телефон го изгубила во Белград

Синот на Јанева рекол дека вториот телефон го изгубила во Белград

Во интервјуто за Сител јавнaта обвинителка Вилма Рускоска во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора како доказ да ги прифати аудио и видео снимките.

Русковска нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека веќе има 25 години стаж во обвинителството и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.