Силна поддршка од Милановиќ за Заев и граѓаните: Да се обезбедат правната држава и регуларни избори

Силна поддршка од Милановиќ за Заев и граѓаните: Да се обезбедат правната држава и регуларни избори
11.05.16   14:26

Прочитано : 549

Print This Article
loading...

Соопштение на СДСМ:

Zaev-Milanovik3-685x320

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор Едмонд Адеми, денеска во Загреб се сретна со претседателот на СДП Зоран Милановиќ, придружуван од потпретседателот Ранко Остојиќ, генералниот секретар Игор Драгован и меѓународната секретарка Каролина Леаковиќ.

Изразена е обострана поддршка на соработката помеѓу двете сестрински партии и нејзино натамошно развивање во правец на интересите на граѓаните на Македонија и на Хрватска.

На средбата се разговараше актуелните политички состојби во двете земји. Во врска со ситуацијата во Македонија за уништените демократски вредности и погазената правна држава од страна на актуелната власт и од потребата за обнова на демократскиот и правниот поредок, за Македонија да се врати на евроинтеграцискиот пат, каде што припаѓа.

Претседателот Заев, околу разврската на актуелната политичка криза го потенцираше цврстиот став на СДСМ за укинување на апсурдната одлука на Ѓорге Иванов за аболиција на политичари од власта кои се занимавале со криминал.

-Власта на Никола Груевски го погази Договорот од Пржино, но тој ги содржи решенијата за политичката криза во Македонија. Мора да има регуларни избори, мора да се спроведат медиумски реформи и да почне одвојувањето на партијата од државата. Од повлекување на аболицијата и од регуларни избори бегање нема, соопшти претседателот Заев.

Претседателот на СДП, Зоран Милановиќ изрази силна поддршка од СДП на заложбите на претседателот Заев, СДСМ и граѓаните во Македонија за враќање на правната држава и демократските вредности.

-Правото мора да важи подеднакво за сите. На Македонија и се потребни слободни и регуларни избори, зашто на тој начин ќе добие легитимна Влада што ќе може да ги развива овие цивилизациски придобивки на современиот свет. Таму е местото на Македонија и очекуваме државата да се врати на тој пат, нагласи Милановиќ.

Претседателот Заев во име на СДСМ и на граѓаните на Македонија оддаде признание на претседателот на СДП Милановиќ, за неговата улога како премиер на Хрватска во промоција на регионалната соработка и напорите за демократски евро-атлантски перспективи на регионот.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести