Силен земјотрес ги погоди Јамајка, Кајманските острови и Куба

Силен земјотрес ги погоди Јамајка, Кајманските острови и Куба

Издадено e предупредување за цунами по силен земјотрес од 7.7 степени по Рихтер кој ги стресе Јамајка, Кајманските острови и Куба.

Епицентарот на земјотресот е оддалечен 260 километри од Кингстон, главен град на Јамајка.

Брегот на Јамајка, Куба и Кајманските острови може да се соочи со „опасно високи бранови“ по земјотресот со јачина од 7,3 до 7,6 степени според Рихтер во Карипското море, предупредува УСГС.