Сиљановска од Кратово: Ќе бидам првата амбасадорка на сиромашните

Сиљановска од Кратово: Ќе бидам првата амбасадорка на сиромашните
18.04.19   23:28

Прочитано : 241

Print This Article

Сиљановска Давкова со граѓаните сподели вест каде што рече дека добила поддршка од претседателот на Европската Народна партија што според нејзе тоа претставува силен ветер во грб.

Она што сакам денеска да го спомена е поддршката однадвор која што многу ни значи, како што знаете Претседателот на Европската Народна партија  господинот Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори и господинот Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозициска едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 и на 5 мај, вели таа.

Сиљановска Давкова додаде дека со владата на СДСМ и Заев граѓаните живеат се посиромашно.

Шокантен е податокот дека 40 проценти од граѓаните во Македонија се борат или се на ивицата на борбата со сиромаштијата. Ако сте сиромашни, ако сте гладни, ако сте осамени ако сте напуштени тешко дека може да ги уживате другите права. Но, јас не сум сигурна дека власта е сигурна за оваа страшна закана по нејзиниот народот, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова кажа дека никој не сака да ги слушне проблемите на граѓаните, истакнувајќи дека доколку таа победи на претседателските избори ќе биде првата амбасадорка на сиромашните откажувајќи се од средствата само за нив.

Јас се обврзам дека доколку станам претседателка на Република Македонија ќе бидам првата амбасадорка на сиромашните. Дека ќе се откажам од делот средствата за нив,  дека ќе живеам во контакт со нив дека не може јас да се чувствувам добро ако половина од граѓаните се чувствуваат лошо, изјави Сиљановска.

Според нејзе заевизмот не е филозофија туку методологија на авторитаризам и авторитаризам и дека граѓаните ќе стават крај на таквото владеење бидејќи како што рече таа народот е умот, свеста и мудроста на Македонија.

Заевизмот не е филозофија туку е методологија на авторитаризам, на тоталитаризам туку Сталинизмот бил присутен во Македонија. Ќе почнат да не бришат од сликите како што тоа го правеле некогаш ама нашиот народ ние си го почитуваме. Вие сте мудроста на Македонија, вие сте умот  на Македонија, вие сте совеста на Македонија и не може да ве заведе некој трагикомичен билборд, истакна Сиљановска.

Таа додаде дека она што го ветила пред граѓаните тоа и ќе го исполнела а не како сегашните политичари на СДСМ кои не знаат што точно ветуваат и кога се негираат дека ветиле нешто.

Ние тоа што го кажуваме го помниме во срце го носиме и го докажуваме. Тие го забораваат, тие постојано го негираат па не знаат што ветиле што сториле а што негирале, тоа  е нивниот кошмар, ние сме нивниот кошмар, додаде Сиљановска.

Сиљановска Давкова дека месец мај не само што е убав месец туку ќе биде вистинскиот месец на промените кои ќе се случат во Република Македонија

Мај е вистинскиот месец за промени, не само за пролет, туку за вулкански промени за македонската политика, посочи таа.

Според нејзе оваа влада нема ниту желба а ниту знаење за да направи вистински реформи, потенцирајќи дека непотизмот, криминалот и корупцијата се вистинска одлика на СДСМ и Заев.

Тие немаат смисол, ниту желба имаат, ниту знаење имаат, целосно се политички импотентни за препознавање на потребата на квалификувана стручна посветена на граѓаните, државна и јавна администрација. Се фалеа дека ќе се борат со непотизмот, ама непотизмот е нивна политичка филозофија, нема министер кој не вработил некого од семејството и не се загрижени за тоа. Да не говорам за корупцијата и криминал тие стимулирајќи ја и толерирајќи ја корупцијата и криминалот го рушат суверенитетот на Македонија, ја прават Македонија слаба држава, ја  прават Македонија пропадната држава. Процесот на одлучување наместо во силни и стабилни институции го лоцираат меѓу двојки, тројки, четворки во неформални на неформален начин во неформални структури одлучуваат за најважните  национални прашања. Јас тоа ниту го поддржувам ниту ќе го практикува, нагласи Сиљановска.

На крај Сиљановска побра поддршка од граѓаните и масовна излезеноста како на 21 април така и на 5 мај се со цел да може да ја реализира програмата со која настапува на овие претседателски избори и да се врати владеењето на правото а со тоа конечно Република Македонија да оди напред на вистински пат а тоа е Европската Унија.

Она што сум го напишала во програмата со помош на мојот тим ако бидам избрана за претседателка ќе го реализирам, вели Сиљановска Давкова.

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова

  Категории: