Сијарто ја критикуваше Финска поради проширувањето на ЕУ

Сијарто ја критикуваше Финска поради проширувањето на ЕУ

Унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто ја критикуваше Финска, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, дека не успеа да изврши притисок за проширувањето на ЕУ за време на нејзиниот мандат.

Тој по средба со колеги од Чешка, Полска и Словачка на состанокот на земјите од Вишеградската група, изјави дека еден од „значајните пропусти“ на Европската Комисија во заминување што во октомври не одобрила почеток на пристапни преговори со Република Македонија и Албанија.

– Финска како претседавач со ЕУ, направи огромен пропуст во тој поглед, рече Сијарто и изрази надеж дека новата Европската комисија ќе изврши притисок за проширувањето.

Земјите од Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на ЕУ.