Што значи епидемијата на морбили – тема во Студио 1

Што значи епидемијата на морбили – тема во Студио 1
17.04.19   16:25

Прочитано : 111

Print This Article
Morbili

Одлуката на владата да прогласи епидемија по зголемувањето на бројот на заболени од морбили коинцидира со светскиот тренд на појава на болеста до степен кога веќе може да се зборува за пандемија. На оваа тема во отвореното Студио 1 зборуваа имунологот Ирина Ставриќ, и д-р Владимир Микиќ од тимот на Министерството за здравство кој ќе ја операционализира одлуката за прогласување епидемија.

-Епидемија е невообичаено зголемување на бројот на заболени лица во однос на истиот период претходната година или за просек од три години. Имаме прилично зголемен број заболени од мали сипаници, 961 заклучно со минатата недела, 120 пати во однос на лани, со што се исполнуваат условите за прогласување на епидемија. Зафатено е повеќе од половина од населението, односно епидемија е прогласена во шест региони во коишто живеат 55% од населението, вели Микиќ.

Како што објаснува, не изненадува зголемениот број на заболени поради големиот број невакцинирани, а тенденцијата на појава на болеста, односно повеќе од половина од заболените се надвор од Скопје. Во главниот град, пак, е намален бројот на заболени, најмногу меѓу децата, поради влијанието на апелите за имунизација.

-Морбилите се високозаразна болест. Ако во семејството е болно едно дете, сите што не се вакцинирани ќе заболат. Вакцинацијата во Скопје вроди плод, но се помести границата. Во Скопје главно имаме доенчиња. Кога мајката е невакцинирана, се разболува и го разболува своето дете, вели Ставриќ и додава дека толку малата возраст е ризична, а морбилите се опасна болест од која се умира.

Таа објаснува дека ако е мајката редовно вакцинирана, во последниот месец пренесува заштитни антитела кои го штитат бебето во првите неколку месеци. Препораките се во услови на епидемија, новороденчињата да се вакцинираат по шест месеци, а вакцинирањето на помала возраст не е препорачливо затоа што антителата пренесени од мајката може да го неутрализираат влијанието на вакцината.

Повозрасното население, пак, е изложено на вирусот, затоа што вакцината е воведена во 1972, со една доза. Дури 1982 е почнато со вакцинација со МРП, за во 1987 да се воведе задолжителна втора доза. Една доза штити, но не доволно. Лица со две дози на МРП вакцина се смета дека 95% од населението што е вакцинирано е заштитено, но сепак има мал процент кои, иако примиле две дози, постои ризик да се заболат.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести